
Тотенхем ја освои својата прва титула по 17 години, победувајќи го Манчестер Јунајтед со 1-0 во финалето на Лига Европа во Билбао. Иако триумфот на тимот на Анге Постекоглу требаше да биде повод за славје, атмосферата беше засенета од голем пропуст на УЕФА за време на церемонијата на доделување на медали.
Кога фудбалерите на Тотенхем пристапија да ги примат своите медали од претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, на ред дојдоа тројца од најважните играчи на клубот: Хјонг-Мин Сон (капитен на тимот), Кристијан Ромеро (најдобар играч на финалето) и Родриго Бентанкур (клучен играч во средниот ред). За жал, Чеферин немаше повеќе медали, па тие останаа без заслуженото признание. Наместо медал, добија само ракување од претседателот на УЕФА.
UEFA ran out of medals for Son, Romero and Bentacur
byu/justwannabeehappy insoccer
Англиските медиуми овој пропуст го нарекоа „срам за УЕФА“, посочувајќи дека осуммина судии и дури Џејмс Медисон, кој не одигра ни минута во финалето, добиле медали, додека клучни играчи, вклучително и капитенот – не.
Иако Сон подоцна радосно го бакнуваше пехарот, немаше медал околу неговиот врат, што дополнително ја потенцираше нелогичноста на ситуацијата.
Се очекува УЕФА во наредните денови да даде јавно извинување и да испрати дополнителни медали до Сон, Ромеро и Бентанкур.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
