Шкендија го загуби финалето во Купот на Македонија со 1-0, остана без трофеј оваа сезона, а потоа се случи и најголемиот скандал. Следејќи го примерот на своите навивачи, кои не стоеја на химната и ја испратија со свирежи, а потоа појавија и контроверзна кореографија, фудбалерите на Шкендија не дојдоа да ги земат сребрените медали од ФФМ наменети за поразениот тим.
Ова секако е скандалозно однесување, со оглед дека имаа насмевки минатата сезона кога се закитија со шампионскиот трофеј. Но, и при поразите треба да се однесуваат спортски и да прифатат дека вечерва Силекс беше подобар и славеше со 1-0.
Мечот помина без дамка на теренот, немаше спорни судиски одлуки, а Силекс заслужено победи со голот на Ади Алиќ во 71.минута од дуелот.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













