Аталанта стигна до минимална, но вредна победа од 1-0 против Рома во 18.коло од Серија А, а пресудниот момент на натпреварот беше кобната грешка на голманот на гостите, Миле Свилар.
Чуварот на мрежата на „волчицата“ направи сериозен кикс по корнер, не успеа да ја скроти топката, а тоа максимално го искористи Џорџо Скалвини, кој од непосредна близина го постигна единствениот погодок и ѝ донесе три бода на екипата од Бергамо.
На тој начин, враќањето на Џанпјеро Гасперини на овој стадион доби непријатен епилог. Италијанскиот стратег, кој во Бергамо има речиси легендарен статус поради историските успеси со Аталанта и освоениот трофеј во Лига Европа, не успеа да им се радува на бодови против својот поранешен клуб.
Рома имаше шанса да ја насочи средбата во своја корист уште на самиот почеток. Во осмата минута Фергусон двапати се најде во изгледна позиција, но најпрво Карнезеки одлично реагираше, а потоа Џимшити во последен момент интервенираше пред празен гол.
Сепак, пропуштените можности брзо беа казнети. Во 12. минута, по корнер за домаќините, Свилар лошо процени, топката му се извлече од рацете и заврши кај Скалвини, кој рутински го реализираше водството на Аталанта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Калјари ја победи Аталанта во Бергамо
Втора лига
Втора лига: Македонија ЃП подобра од Камјани
Евро-фудбал
Барса му нуди нов договор на Рафиња
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













