Connect with us

Скалони: Секој Аргентинец нека знае дека ќе дадеме сѐ од себе за да ја одбраниме светската круна

Селекторот на аргентинската репрезентација, Лионел Скалони, испрати порака до навивачите пред почетокот на Светското првенство, нагласувајќи дека неговиот тим ќе даде сè од себе во одбраната на титулата.

Актуелниот светски шампион ќе се натпреварува во групната фаза против Алжир, Австрија и Јордан, а Скалони порача дека борбеноста на неговите избраници нема да биде доведена во прашање.

„Кога тимот ќе излезе на теренот, сè се претвора во спектакл – и во одбраната и во нападот. Можеме да гарантираме дека ќе се бориме до последната секунда, во тоа нема никакво сомневање“, изјави Скалони за „TyC Sports“.

Стратегот на „гаучосите“ истакна дека најважно е навивачите да ја препознаат посветеноста и желбата кај фудбалерите.

„Луѓето ќе се идентификуваат со овој тим. Дали топката ќе заврши во мрежата или не е помалку важно. Но можам да гарантирам дека ќе го дадеме максимумот на секој натпревар за да ја одбраниме титулата“, додаде аргентинскиот селектор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови