Актуелниот светски првак Аргентина се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, откако во драматичниот четвртфинален дуел дури по продолженија го скрши отпорот на Швајцарија и славеше со 3-1.
Аргентинците рано поведоа, но упорните Швајцарци успеаја да се вратат и да израмнат, а натпреварот беше преломен по бизарното исклучување на Брил Емболо во 72. минута. Со фудбалер повеќе на теренот, Аргентина во продолженијата стигна до победата со головите на Хулијан Алварез и Лаутаро Мартинез.
Аргентина на тој начин обезбеди пласман во полуфиналето, каде што ќе игра против Англија, која претходно славеше против Норвешка.
Актуелниот светски првак тешко стигна до победата на стадионот „Ероухед“, а и покрај големиот успех, аргентинскиот селектор Лионел Скалони остана цврсто на земја. По натпреварот исполнет со многу емоции, Скалони испрати јасно предупредување до своите фудбалери.
„Вистина е дека денес се мачевме. Знаевме дека Швајцарија е физички многу силна репрезентација и во одредени ситуации не успевавме да најдеме решение. Мора да бидеме реални – мора да играме подобро“, порача Скалони.
Аргентинскиот селектор не криеше колку за неговата репрезентација значи уште еден пласман меѓу четирите најдобри селекции во светот, но не дозволи славјето да ги потисне размислувањата за следниот предизвик.
„Ова е историски успех. Не е важно дали ќе играме против Англија или Норвешка, нè очекува репрезентација предводена од одличен тренер. Сега мора да се опоравиме. Тоа е најважно“, заклучи Скалони.
Аргентина во полуфиналето против Англија ќе се обиде да обезбеди нов пласман во финалето на Светското првенство.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Манчестер Сити го претстави Херонимо Рули
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













