Манчестер Сити ја продолжи победничката серија и со нов триумф над Барнли (0-1) и по долго време се искачи на врвот во Премиер – лига.
„Граѓаните“ одиграа скромно, но победија на гостувањето на „Турф Мур“, па со новите три бода се израмнија со Арсенал на 70 бодови и благодарение на подобрата гол-разлика ја презедоа лидерската позиција. За разлика од нив, Барнли со овој пораз дефинитивно ги загуби шансите за опстанок и следната сезона ќе настапува во понизок ранг.
Клучниот момент се случи уште на самиот почеток. Во петтата минута Ерлинг Халанд повторно беше на вистинското место и го постигна својот 23. гол сезонава во лигата, доволен за нова важна победа.
Борнмут и Лидс Јунајтед одиграа возбудливо реми 2-2. Сите голови паднаа во второто полувреме – за домаќините погодија Крупи и Рајан, додека за гостите автогол на Хил и погодокот на Лонгстаф во судиското продолжение донесоа вреден бод.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













