Манчестер Сити повторно разочара на домашен терен, играјќи само 1-1 против незгодниот Брајтон на „Етихад“, со што испушти уште една драгоцена шанса да држи чекор со Арсенал во горниот дел од табелата.
Гостите од југот на Англија многу поагресивно го отворија натпреварот и уште во третата минута сериозно се заканија, кога Грос со глава го натера Донарума на брилијантна одбрана. Притисокот на Брајтон продолжи, а во осмата минута и Кадиоглу се најде во добра позиција, но одбраната на „граѓаните“ издржа.
Сити првпат сериозно се појави пред противничкиот гол во 26. минута, кога Халанд не се снајде најдобро по центаршут и ја испрати топката покрај стативата. Сепак, во финишот на полувремето домаќините стигнаа до предност – Доку беше фаулиран во шеснаесетникот, а по ВАР-проверка беше досуден пенал. Халанд не погреши и донесе водство од 1-0.
Брајтон можеше да израмни уште пред паузата, но ударот на Рајндерс во судиското продолжение заврши крај голот. Израмнувањето дојде во 60. минута, кога Митома со мајсторски удар го матираше Донарума за 1-1. Гостите имаа шанса и целосно да го шокираат Сити, но Диего Гомез во 71. минута беше непрецизен.
Во завршницата, Халанд двапати беше блиску до втор гол, но голманот Вербруген со одлични интервенции го сочува бодот за Брајтон. Овој кикс може скапо да го чини Сити, бидејќи Арсенал со победа над Ливерпул може да избега на осум бода предност во однос на Манчестер Сити и Астон Вила.
Фулам славеше минимална, но значајна победа од 2-1 против Челси. По мирно прво полувреме без погодоци, Хименез го отвори резултатот во 55. минута. Челси возврати преку Делап во 72. минута, но конечниот збор го имаше Вилсон, кој во 81. минута донесе три големи бода за Фулам. Челси играше со играч помалку поради исклучувањето на Кукуреља.
Борнмут го победи Тотенхем со 3-2, Кристал Палас и Астон Вила ремизираа без голови, а Брентфорд го совлада Сандерленд со 3-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













