Connect with us

Сити постигна договор со мароканската сензација, но потешко одат преговорите со Лил

Манчестер Сити постигнал целосен договор со Ајуб Буади околу личните услови, под кои талентираниот марокански фудбалер би се преселил на „Етихад“. Сепак, „граѓаните“ сè уште водат преговори со Лил за висината на трансферната отштета.

Францускиот клуб бара речиси 100 милиони евра за својот бисер, додека Манчестер Сити се надева дека ќе ја комплетира зделката за околу 80 милиони евра, плус бонуси. Во Лил се подготвени да ја намалат цената доколку Буади остане уште една сезона на позајмица во нивните редови, но англискиот клуб не ја прифаќа таа опција.

По одличната сезона и добрите настапи на Светското клупско првенство, за дефанзивниот играч за врска интерес покажаа неколку клубови, но Манчестер Сити во моментов е во најдобра позиција да го обезбеди неговиот потпис.

Се очекува Буади да потпише петгодишен договор, а планот на Енцо Мареска е младиот Мароканец да биде долгорочната замена за Родри, кој и натаму се поврзува со можен трансфер во Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови