Фудбалерите на Манчестер Сити се на пат да ја одбранат титулата во Премиер – лигата, а за тоа им е доволна победа во последното коло против Астон Вила. Паралелно, менаџерот Пеп Гвардиола и раководството на клубот работат на нови засилувања.
По најавеното доаѓање на Ерлинг Халанд, не треба да се очекуваат други мегаѕвезди, можеби единствено Френки де Јонг од Барселона.
Најголем фокус ќе биде одбраната каде се споменуваат две имиња. Голема желба на Пеп Гвардиола е талентираниот Алесандро Бастони од Интер, но актуелниот шампион на Италија одби 60 милиони евра за левоногиот стопер.
Сепак, се очекува Сити да ја подигне понудата во следниот период, а англискиот шампион игра на картата на полошата финансиска ситуација во миланскиот клуб, кој летово беше принуден да ги продаде Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими.
Според информациите на „Газета дело Спорт“, Интер и ова лето ќе мора да продаде некого. Понуди имаат за Стефан де Фрај и за Милан Шкрињар, но Бастони е најатрактивен на пазарот поради младоста.
Уште една голема желба на „граѓаните“ е левиот бек на Брајтон, Марк Кукуреља, за кого Сити понуди 30 милиони фунти, додека „сино-белите“ се надеваат дека ќе го задржат уште една сезона.
Што се однесува до средниот ред, Фернандињо сигурно ќе го напушти клубот, додека најавата за разделба со Гундоган кратко траеше откако пристигна информацијата дека Гвардиола и следната сезона ќе смета на германскиот фудбалер.
Во нападот Сити ќе остане без Габриел Хесус, можеби и Рахим Стерлинг, што ќе стави јасен фокус на Халанд и на крилните напаѓачи како Марез и Фоден.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона
Евро-фудбал
Јувентус тргна по потписот на Франк Кеси
Евро-фудбал
ПСЖ го претстави Лукас Дињ како нова аквизиција













