Раководството на Манчестер Сити вложува сериозни напори во обидот да го ангажира талентираниот играч за врска на Лил, Ајуб Буади, објави угледниот „Атлетик“.
18-годишниот фудбалер ги импресионираше сите со своите настапи за францускиот клуб во изминатата сезона, а одличните изданија ги продолжи и на Светското првенство. Токму неговите настапи на Мундијалот 2026 дополнително го зголемија интересот за него.
Се очекува Лил да побара околу 100 милиони евра за еден од своите највредни фудбалери. Манчестер Сити внимателно ја следи ситуацијата околу Буади, неговата подготвеност да го напушти францускиот клуб, како и условите што би ги побарал за евентуален трансфер.
На „Етихад“ сакаат да го освежат составот откако две сезони по ред не успеаја да ја освојат титулата во Премиер – лигата. „Граѓаните“ веќе постигнаа договор за рекорден трансфер на уште еден играч од средниот ред, Елиот Андерсон, но се очекува зделката да биде комплетирана по завршувањето на настапот на Англија на Светското првенство.
Новиот менаџер Енцо Мареска, исто така, сака да внесе свежина во тимот кој досега го предводеше Пеп Гвардиола, а младиот Ајуб Буади се смета за одлична опција. Мароканскиот играч за врска би имал можност да учи и од освојувачот на „Златната топка“, Родри, кој во последно време се соочува со сè посериозни проблеми со повреди.
Интерес за Ајуб Буади покажуваат и Манчестер Јунајтед и Арсенал, но се проценува дека двата клуба тешко би се решиле да платат толку висока сума за младиот фудбалер.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













