Connect with us

Сите погледи кон Цирих: Македонија ги чека ривалите во баражот за СП

Фудбалската репрезентација на Македонија е во очекување на денешниот ждреб во Цирих (17 часот) каде ќе ги добие ривалите за баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Македонија пријатно го изненади светот откакос се најде меѓу 12-те селекции кои го продолжуваат патот преку плејоф за конечен пласман на мундијалот.

Нашиот национален тим е меѓу неносителите и за полуфиналната пресметка на 24 март ќе добие ривал од првиот барабан. Таму се селекциите на Италија, Португалија, Русија, Шкотска, Шведска и Велс.

Трите европски места за Светското првенство во ФИФА 2022 година, кои не се распределени на крајот од групната фаза на прелиминарното натпреварување, ќе бидат решени преку плеј-оф турнир со 12 екипи.


На десетте второпласирани од групната фаза на европските квалификации им се придружија уште две селекции избрани врз основа на целокупната ранг-листа на УЕФА Лига на нации 2020/21: Австрија и Чешка.

Шесте најдобропласирани второпласирани од групната фаза на европските квалификации се распределени во барабанот 1 и полуфиналниот плеј-оф ќе го играат на домашен терен. Останатите шест репрезентации, меѓу кои е и Македонија, ќе бидат распределени во барабанот 2.


Ждребот ќе започне со распределба на шесте најдобропласирани селекции, т.е. тимовите од барабан 1, до полуфиналето 1, 2, 3, 4, 5 и 6 соодветно како домашна селекција.

Првиот тим што е извлечен ќе ја зазема домашната позиција во полуфиналето 1, вториот тим извлечен во полуфиналето 2 и така натаму додека не се испразни садот.

Ждрепката потоа ќе продолжи со распределба на тимовите од барабан 2 во полуфинални двојки, еден по еден. Првиот тим извлечен од барабан 2 ќе го заземе гостинското место во полуфиналето 1, вториот тим извлечен во полуфиналето 2 и така натаму додека не се утврдат сите полуфинални двојки.

Полуфиналињатa 1 и 2 припаѓаат на патеката А на плеј-офот, полуфиналните дуели 3 и 4 на патеката Б и полуфиналните 5 и 6 ја сочинуваат патеката Ц. За да се одреди кој полуфинален победник ќе игра дома во финалето, дополнително ќе се извлекува за секоја патека.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови