Аргентинскиот напаѓач Џулијано Симеоне го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до 2030 година, објави шпанскиот прволигаш. Младиот крилен напаѓач претходно имаше договор до 2028 година, но сега тој е продолжен до јули 2030. Шпанските медиуми истакнуваат дека во новиот договор е вклучена отштетна клаузула од 500 милиони евра.
Симеоне е производ на младинската школа на аргентинскиот клуб Ривер Плата, а во Атлетико се приклучи летото 2019 година, на 16-годишна возраст. За првиот тим дебитираше во април 2022 година, на 19 години, пред да биде позајмен во Сарагоса во сезоната 2022/23, а потоа во Алавес во сезоната 2023/24.
По враќањето во Атлетико Мадрид летото 2024 година, стана важен дел од тимот кој го води неговиот татко Диего Симеоне. Досега, во 77 натпревари постигнал 8 голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













