Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар полека се одглавува од тешката ситуација во која се наоѓа. Од ФИФА е пристигнат допис дека е симната забраната за трансфери, но тоа и не значи премногу за оваа тековна сезона во Првата фудбалска лига. Вардар ќе мора да го доигра првенството и да избори опстанок со актуелниот ростер на фудбалери. Сепак, е доказ дека сметката е одблокирана и дека се подмирени дел од средствата кон оние што го тужеа клубот преку ФИФА.
Вардар од следната седмица најверојатно ќе добие дозвола и да се врати на тренинзи во комплексот во Хиподром. Со ова конечно ќе биде ставен крај на маките што тимот ги имаше од почетокот на зимските подготовки, кои ионака доцнеа многу, а потоа мораше да се спроведуваат по разни терени во предградието на Скопје.
Вардар утре е домаќин на лидерот Шкендија, во 24.коло од Првата фудбалска лига.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski