Connect with us

Симеоне: Не се сеќавам што му реков на Винисиус, имам лоша меморија

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го оцени настапот на својот тим, истакнувајќи дека му се допаднала играта, но изрази жалење поради недоволната ефикасност во нападот. Тој се осврна и на расправијата со бразилската ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, велејќи дека не се сеќава што точно се случило во тој момент.

„Тие го започнаа натпреварот со фантастичен гол, извонреден удар на Валверде. Се најдовме во улога на тим кој брка резултат, но цело време ја игравме играта што сакавме и го баравме голот. Создадовме шанси што можевме да ги реализираме. Во некои ни недостигаше одлучноста што обично ја имаме, а во други Куртоа имаше одлични одбрани, особено при ударот со глава на Сорлот. Се натпреварувавме на многу добро ниво. Во второто полувреме речиси целосно игравме во нивното поле, освен контранападите, како оној при 0-2, кој тие многу добро го организираа. Немам што лошо да кажам за мојот тим: му честитаме на противникот и продолжуваме да работиме во иста насока“, започна Симеоне.

Атлетико упати 22 удари на натпреварот, но само еден од нив заврши во мрежата.

„Ни недостигаше повеќе смиреност во завршницата, но Куртоа имаше две-три многу добри интервенции. Тимот играше добро, онака како што сакавме. Тие постигнаа прекрасен гол, а потоа изведоа и многу добар контранапад. Во првото полувреме имаше и уште една шанса за Родриго од десната страна. Го одигравме натпреварот како што го замислувавме: да ја имаме топката, да напаѓаме по крилата, да бидеме присутни во казнениот простор… Не бевме ефикасни и му честитаме на противникот, затоа што тие беа“, додаде Аргентинецот.

Потоа следеше и прашањето за инцидентот со Винисиус Жуниор.

„Немам што да коментирам. Тоа што се случува на теренот, таму и останува, уште од кога бевме деца. Ништо повеќе не е за кажување. Не се сеќавам што сум му рекол (н.з. – ‘Флорентино ќе те отпушти’), имам лоша меморија“, заклучи Симеоне.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови