Connect with us

Симеоне: Гризман е во процес на адаптација на сегашниот Атлетико

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, му даде поддршка на напаѓачот Антоан Гризман кој сè уште не ги покажува очекуваните игри по враќањето на „Ванда Метрополитано.


„Во ред е, тој беше многу среќен што се врати. Во процес е на адаптација на сегашното Атлетико, кое е различно од она што го остави. Но, не се сомневам дека крајниот резултат ќе биде она на што се надеваме. Имаме среќа што го имаме. Ние сме на пат на кој секој играч треба да се приспособи. Ова не важи само за Гризман, туку и за Родриго де Пол. Антоан дојде во тимот за да ни даде повеќе стабилност“, изјави Симеоне.

Атлетико го позајми Гризман од Барселона до крајот на сезоната 2021/22. Оваа сезона, 30-годишниот Французин одигра четири натпревари за тимот од Атлетико Мадрид и не постигна гол.

Атлетико, кој е бранител на шампионскиот трофеј во шпанското првенство, по шест кола е лидер на табелата со 14 бода, еден повеќе од градскиот ривал Реал, но „кралевите“ имаат натпревар помалку.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови