Connect with us

Симеоне го посакува Канг-Ин Ли во Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид пристапува внимателно засилување на составот во зимскиот преоден рок. Јужнокореецот Канг-Ин Ли е цел број еден за засилување на нападот по заминувањето на Џакомо Распадори.


Спортскиот директор Матеу Алемани бил во Париз минатиот петок за да ги придвижи преговорите, иако нема да биде лесно фудбалерот на ПСЖ да заврши на „Метрополитано“, пишува „АС“.

Раководството на Атлетико е свесно за тоа, како и за фактот дека Канг-Ин Ли позитивно гледа на можноста да го облече дресот на мадридскиот тим. Сега играчот треба да донесе одлука, бидејќи опцијата да заигра за Атлетико отсекогаш му била привлечна. Напаѓачот се чувствува добро во Париз, затоа што смета дека има важна улога. Тој не е клучен играч, но добива одредени минути и признание.

Сепак, интересот од Атлетико го мотивира. Тој знае дека би пристигнал во тимот на Симеоне за да игра, да ужива во поголема минутажа и да има водечка улога. Одлуката е негова. Односите меѓу двата клуба се многу добри и постојат различни опции преку кои би можел да му се приклучи на Атлетико — позајмица е една од можностите. Последниот збор, сепак, ќе го има самиот напаѓач.

Во меѓувреме, ПСЖ сака да му го продолжи договорот. Неговиот актуелен договор истекува во 2028 година, а намерата на францускиот клуб е да го продолжи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови