Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, беше разочаран по поразот на пенали од Реал Сосиедад во финалето на Куп на Кралот. Тој му честиташе на противникот за победата и истакна дека има мирна совест по овој натпревар, бидејќи тимот дал сè од себе за да стигне до успех.
„Противникот беше поодлучен во клучните моменти. Ние успеавме да направиме пресврт и одигравме многу добро. Можевме да го добиеме натпреварот преку шансите на Кардосо и Баена. Во продолженијата имавме уште можности, но останува само да му честитам на Реал Сосиедад затоа што завршија добра работа. Тешко е да се испраќаат пораки, бидејќи она што му треба на тимот е да победува. Она што останува е секојдневна работа. Не им кажав ништо на играчите“, изјави Симеоне.
Тој додаде дека и уморот по тешкиот дуел со Барселона во Лига на шампиони имал големо влијание.
„Доаѓаме по огромен напор против Барселона и нормално е на крајот да се плати таа цена. Тимот реагираше добро, но влеговме во фаза кога веќе не можеме да се натпреваруваме на исто ниво. Има многу за анализа. Секако дека сме со мирна совест дека дадовме сè од себе, а сега останува да работиме како и секогаш“, заврши аргентинскиот стратег.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













