Connect with us

Силјановски: Извлековме поуки од Прилеп, сакаме триумф против Скопје

Брегалница денеска (15 часот) гостува кај Скопје во „Автокоманда“ во последниот меч од осмото коло во Првата фудбалска лига. Еден од најдобрите фудбалери на стартот од сезоната, фудбалерот од средниот ред Горан Силјановски е убеден дека се извлечени поуки од Прилеп и тимот максимално сериозно ќе одигра со желба за позитивен резултат.


„По поразот од Победа, се вративме со убедлива победа против Слога во Купот на Македонија. Средбите со Победа и Слога се веќе минато, но мора да нагласиме дека извлековме поука од Прилеп затоа што е јасно дека во лигата нема лесни и тешки противници. Знаеме дека не чека тежок натпревар и во Скопје и мора да бидеме максимално фокусирани со 100% на терен. Во секој случај, од сите досегашни натпревари на стартот од сезоната, од нашите изданија и одност, сигурен сум дека сме на вистинскиот пат, верувајќи дека посветено можеме да дојдеме до зацртаните цели за оваа година“, вели Силјановски.

Скопје има само еден триумф во шест натпревари и се надева дека денеска може да дојде до нови бодови.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови