Силекс со пресврт ја освои Струга и триумфираше со 2-3 против Струга ТЛ, која го забележа и вториот пораз по ред во пролетниот дел од сезоната, и ја губи битката за првото место на табелата. Кратовската екипа двапати губеше, но на крајот најде сила да дојде до големи три бода на овој натпревар.
Струга ТЛ првпат поведе во 22. минута. Радески со прекрасен удар од 22-23 метри ја упати топката прецизно во горниот десен агол, топката од стативата заврши зад гробот на Џеков.
Гостите од Кратово стигнаа до израмнување во 53. минута. Акцијата одеше по левата страна, од каде беше проигран Алиќ, кој од 6-7 метри го совлада Ангелети и го израмни резулттот.
Седум минути подоцна, нова предност за Струга ТЛ. Компаоре најдобро се снајде во мешаницата во петерецот на гостите, и успеа да го најде патот до мрежата.
Се играше 81. минута кога Силекс израмни. Акција од средината и топката стигна до Додев кој упати прецизен удар, Ангелети одбрани само до Алиќ, кој беше изблокиран од одбраната на Струга, но топката третпат стигна во нозете на играч на Силекс, поточно кај Николовски, кој успеа да израмни.
Само три минути подоцна прва предност за Силекс. Додев нафрли од корнер до Пиреш, а овој со глава упати прецизн удар во голот на Струга ТЛ, за пресврт и големи три бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













