Connect with us

Силекс се засили со двајца интернационалци од БиХ

Силекс активно работи на засилување на играчкиот кадар за претстојната сезона. Раководството на кратовскиот прволигаш денеска го официјализираше ангажманот на двајца интернационалци од Босна и Херцеговина, Есмир Хасукиќ и Нихад Шеро.


​Помладиот од босанското дуо, 24-годишниот напаѓач Есмир Хасукиќ, во Кратово пристигнува како слободен агент по истекот на обврските со екипата на Гошк Габела. За овој тим, во второрангираното натпреварување на БиХ, Хасукиќ прикажа одлични партии и постигна 13 голови на 19 одиграни натпревари. Во својата досегашна кариера, тој има настапувано и за екипите на Борац Бања Лука, Радник Бијелина, Звијезда Градачац и Слобода Тузла.


​Второто ново име во таборот на Силекс е Нихад Шеро (27), кој игра на позицијата десно крило. Тој доаѓа од редовите на Челик Зеница, каде изминатата сезона забележа 24 настапи и постигна осум погодоци.

Шеро зад себе има богато искуство во домашниот шампионат настапувајќи за Гошк, Слобода Тузла, Травник и Босна Високо, а има забележано и интернационален престој во првенството на Албанија, како член на Билис Балш.


​Двајцата фудбалери се ангажирани за да ја зголемат конкуренцијата во тимот предводен од стручниот штаб на Силекс.

Тие ќе му бидат на располагање на клубот за претстојните натпревари во квалификациите за Лигата на Конференции ова лето, како и за предизвиците во домашниот шампионат и Купот на Македонија во новата натпреварувачка сезона

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови