Connect with us

Силекс и Башкими одиграа без голови

Силекс и Башкими ги поделија бодовите во натпреварот од 17. коло на Првата македонска фудбалска лига.

На лошиот терен во Кратово не можеше да се одигра допадлив фудбал. Арменд Алими упати два удари од далечина, но немаше промена на резултатот. Кратовци се обидоа да создадат можност и да го загрозат голот на Башкими преку Додев и Алиќ.


Вториот дел донесе речиси ист интензитет во играта, но повторно изостанаа сериозни шанси за гол. Гостите се заканија преку расположените Рибеиро и Аворнио, кои се обидуваа да направат нешто повеќе, но без успех во завршницата.


Силекс тргна во цечосна офанзива во последните 15 минути. Ударот од далечина на капитенот Ефтимов заврши покрај десниот дирек. Одлична интервенција имаше и голманот Амир Јашар.


Во следното коло, Силекс го очекува тешко гостување кај Струга Трим Лум, додека Башкими на домашен терен во Куманово ќе го пречека тимот на Пелистер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови