Македонија ЃП беше најпријатното есенско изненадување во Првата лига, но тимот на Жикица Тасевски не ја стартуваше пролетта според очекувањата. Во првите три кола не успеа да оствари ниту еден триумф, па ќе се обиде тоа да го стори денеска на домашен терен против Силекс, на премиерата од 22. коло во Првата лига.
Ако се погледне и крајот на есента, и Македонија ЃП и Силекс не знаат за победа на последните пет натпревари. „Лавовите“ сакаат да истраат во борбата за излез на европска сцена и да го сочуваат третото место на табелата, а Силекс има други маки, за обезбедување опстанок во елитата.
Македонија Ѓорче Петров играше допадлив фудбал есента, но тимот на Жикица Тасевски направи неколку промени, посебно во навалната линија, и веројатно треба малку време за новите засилувања да влезат во ритам. Силекс ремизираше (1-1) против Работнички на минатото гостување во Скопје, а кратовци сигурно не би имале против и денеска од Ѓорче Петров да си заминат со еден освоен бод.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski