Connect with us

Силекс ги стартуваше подготовките, од 17 јануари се сели во Анталија (ФОТО)

Силекс стартуваше со подготовки за вториот дел од сезоната. Тренерот Александар Васоски изврши прозивка, по што екипата го одработи и првиот тренинг на терените во Кратово.

Според планот, тимот ќе тренира во Кратово до 17 јануари, по што ќе замине на подготовки во Анталија, која во изминатите години е традиционална зимска база на клубот. Таму, покрај редовните тренинзи, ќе бидат одиграни и неколку пријателски натпревари.

Силекс продолжува во пролетниот дел од сезоната од четвртото место на табелата, а во првото коло ќе се соочи со екипата на Башкими.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови