Репрезентацијата на Швајцарија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, откако по подоброто изведување на пенали ја совлада селекцијата на Колумбија. По 120 минути двете селекции не постигнаа гол.
Во првото полувреме публиката не проследи премногу атрактивен фудбал, а двете екипи успеаја да креираат само по една сериозна шанса.
Колумбија прва се закани во 21. минута преку Густаво Пуерта, но неговиот удар беше запрен од страна на Грегор Кобел. На спротивната страна, Швајцарија возврати преку Фабијан Ридер, чиј шут беше успешно одбранет од Густаво Варгас.
Вториот дел донесе уште поцврста и повнимателна игра од двете страни.
Ниту еден од тимовите не сакаше да ризикува, па натпреварот влезе во продолженија без поголеми возбудувања, а по вкупно 120 минути игра, патникот во следната фаза мораше да се решава преку пенал-рулетот.
Во пенал-серијата поуспешни беа фудбалерите на Швајцарија со 4-3, со што го заверија пласманот во четвртфиналето на Мундијалот. За оваа репрезентација ова е историски успех и прво учество во оваа рунда по пауза од 72 години.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













