Connect with us

Швајцарија испушти победа, Катар стигна до историски бод (ВИДЕО)

Швајцарија и Катар одиграа 1-1 во натпреварот од групата Б на Светското првенство. Швајцарците имаа предност сѐ до судиското продолжение, кога Катар успеа да освои бод.

Катар можеше да приреди изненадување уште во втората минута, кога Едмилсон Жуниор се најде во одлична можност, но сигурно интервенираше Грегор Кобел.

По тој момент Швајцарците ја презедоа иницијативата и неколкупати се заканија преку Дан Ендоје. Првиот негов удар го одбрани голманот Мешал Баршам Абунада, додека вториот заврши над голот.

Притисокот на Швајцарија вроди со плод во 17. минута кога главниот судија покажа на белата точка. Одговорноста ја презеде Брил Емболо и сигурно реализираше за водство од 1-0.

Погодокот предизвика бројни дискусии бидејќи претходно имаше сомнителна ситуација за офсајд, но по проверката на ВАР-системот одлуката на судијата беше потврдена.

До крајот на првото полувреме следуваше помирен период од натпреварот, иако шанси имаа Едмилсон Жуниор на едната страна, како и Ендоје и Рубин Варгас на другата, но резултатот остана непроменет.

На стартот од вториот дел се закани и Гранит Џака со удар од далечина, но топката мина малку над гредата.

Швајцарија продолжи да го контролира натпреварот, но недостигот од концентрација во завршницата скапо ја чинеше. Во петтата минута од судиското продолжение Буалем Кухи ја затресе мрежата за конечни 1-1, предизвикувајќи големо славје кај катарските навивачи и вистински шок за Швајцарците.

Со овој бод Катар останува во игра за пласман во следната фаза, додека Швајцарија пропушти можност да го отвори шампионатот со победа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови