Connect with us

Штутгарт надмоќен против Хамбургер, обезбеди опстанок во Бундес-лигата (ВИДЕО)

Штутгарт и следната сезона ќе игра во Бундес-лигата откако во плеј-офот за опстанок го победи Хамбургер и на вториот меч, на гостински терен со 1-3. „Швабите“ имаа предност од 3-0 по првиот натпревар, па јасно е дека сосема убедливо остварија пласман во елитното друштво.

Сони Кител погоди за Хамбургер во шестата минута, но во вториот дел Штутгарт направи голем пресврт. Двоен стрелец беше Енцо Милот. 

Тој погоди во 48.минута за израмнување, а потоа ја искористи неверојатната грешка на домашниот голман Даниел Фернандеш за да направи пресврт во 64.минута. 

Силас во судиското продолжение го потврди триумфот на Штутгарт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови