Повратникот во Бундес-лигата, тимот на Шалке 04, ќе мора да плати 3 милиони евра отштета на Штутгарт доколку сака да го откупи договорот на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.
Тој беше позајмен оваа сезона, но без право на откуп, па по завршувањето на сезоната и големиот успех сега треба да се врати во редовите на Штутгарт.
Спортскиот директор на Шалке, Рувен Шредер, како што известуваат германските медиуми, ќе отпочне преговори за ангажман на Дарко Чурлинов, но неизвесно е дали клубот од Гелзенкирхен е подготвен да плати 3 милиони евра за него. Можно е на крајот да се издејствува уште една година Чурлинов да игра за Шалке како позајмен играч.
Договорот на Дарко Чурлинов со Штутгарт има важност до 30 јуни 2022 година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski