Connect with us

Шок за Лајпциг: Замената за Јан Диоманде не ги помина медицинските прегледи

Голем пресврт во Бундес-лигата кој индиректно би можел да влијае и врз Барселона. Фисник Аслани, 23-годишниот косовски напаѓач, не го помина лекарскиот преглед во Лајпциг.


Лајпциг веќе постигна договор со Аслани за соработка до 2031 година, а за неговиот трансфер на Хофенхајм требаше да му плати 30 милиони евра. Така, Аслани засега се враќа во Хофенхајм.

Косовскиот репрезентативец беше меѓу напаѓачите за кои Барселона размислуваше во случај да не успее да ја реализира својата голема желба – доведувањето на Хулијан Алварез. Аслани важеше за поевтина опција, а минатата сезона постигна 10 гола во Бундеслигата.

Познат е и како голем навивач на Барселона, што го потврдуваат и неговите фотографии од детството на кои носи клупски обележја.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови