Барселона доби нов голем удар, откако стана јасно дека Гави ќе мора да паузира околу пет месеци поради нова повреда на коленото, соопштија од клубот.
Последните недели шпанскиот репрезентативец чувствувал болки во менискусот на истото колено каде што во ноември 2023 година ги скина предните вкрстени лигаменти. По дополнителни лекарски прегледи, решено е да се изврши артроскопија за да се избегнат нови компликации.
„Гави беше подложен на артроскопија на менискусот, кој е зашиен со цел да се заштити зглобот. Очекуваното време на опоравување е од четири до пет месеци“, стои во официјалното соопштение на Барселона.
Иако постоеше надеж дека играчот ќе се врати за еден и пол месец, сега е јасно дека неговото враќање ќе се одложи најрано до февруари или март 2026 година, во зависност од рехабилитацијата.
Ова е голема главоболка за тренерот Ханси Флик, кој веќе се соочува со повредите на Тер Штеген, Ламин Јамал и Фермин Лопез. Како можни решенија за пополнување на празнината во средниот ред се споменуваат повратникот Марк Бернал и неколку таленти од Ла Масија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија до 16 години ќе одигра два контролни натпревари против Летонија
Евро-фудбал
Сао Паоло му даде отказ на Хернан Креспо













