Првата ѕвезда на клубот, Адем Љајиќ, се подготвува да стане ново засилување на Сараево, но навивачите на Нови Пазар би можеле да добијат вистинска сензација – и тоа не било кого.
Како што пренесува српскиот „Тeлеграф“, клубот од Нови Пазар е во сериозни преговори со легендарниот хрватски репрезентативец Иван Перишиќ. Иако звучи неверојатно, се тврди дека разговорите се во напредна фаза и дека трансферот би можел да се реализира во наредните денови.
Ако се потврди, тоа би бил еден од најнеочекуваните трансфери на Балканот, особено ако се има предвид дека 36-годишниот офанзивец сè уште има важечки договор со холандскиот првак ПСВ Ајндховен до летото 2027 година. Перишиќ блескаше минатата сезона во Ередивизие, постигнувајќи девет гола и асистирајќи исто толку пати.
Претходно, тој накратко играше за Хајдук Сплит, а богата интернационална кариера ја градеше низ гигантите како Борусија Дортмунд, Баерн Минхен, Интер и Тотенхем.
За репрезентацијата на Хрватска одигра 144 натпревари и постигна 36 голови, а беше дел од тимот кој го освои среброто на Светското првенство во Русија 2018 година.
Останува да се види дали оваа фудбалска бајка навистина ќе стане реалност за навивачите на Нови Пазар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













