Connect with us

Шкупи убедливо поразен од Пахтакор

Актуелниот првак Шкупи е убедливо поразен (1-4) од узбекистанскиот тим Пактакор на денешниот пријателски натпревар во Анталија.


Шкупи поведе на овој меч со голот на Али Адем, но потоа Пахтакор постигна дури четири гола, а тимот од Чаир покажа слабости во одбраната. Очигледно тренерот Гоце Седлоски ќе треба дополнително да поработи на овој сегмент до стартот на вториот дел од првенството.

Претходно, Шкупи оствари триумф над Динамо Тбилиси (2-0), а загуби од Конкордија (2-4).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови