
Незадоволството во Чаир кулминираше – само ден по болниот пораз од Вардар, раководството на Шкупи одлучи да ја прекине соработката со тренерот Алпарслан Ердем. Турскиот стратег, кој на клупата на тимот седна на 3 октомври 2024 година, си заминува по само седум месеци на чело на некогашниот македонски шампион.
Иако дојде со големи амбиции, Ердем не успеа да ја исполни главната цел – излез во Европа. За олеснителна околност може да се смета тоа што клубот не можеше да прави трансфери во зимскиот преоден рок, што сериозно го ослабна ростерот за пролетниот дел од сезоната.
Состојбата на табелата зборува сама за себе – Шкупи се наоѓа на осмата позиција со 34 освоени бодови и е во сериозна криза. Тимот е без победа веќе девет натпревари, а последен пат се радуваше на три бода уште на почетокот на март, кога славеше против Пелистер на Чаир.
Сега пред Шкупи е нов предизвик – пронаоѓање на тренер кој ќе донесе стабилност и повторно ќе го врати клубот на победничките патеки. Со оглед дека е финиш на сезоната, веројатно ќе се бара решение за стартот на летните подготовки.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal