Фудбалерите на Шкупи продолжуваат со подготовките и тренинзите, иако многу работи сè уште се нејасни околу функционирањето на тимот од Чаир. Шкупи не го одигра натпреварот со Силекс во рамките на 2. коло од Прва МФЛ, бидејќи не ги обезбеди условите што се бараат за одржување на првенствен натпревар, пред се поврзано со употребата на ВАР системот. Сепак, според Ерион Шуку, тоа не ги спречило техничкиот персонал и играчите да продолжат со интензивни подготовки за следниот дуел.
„Атмосферата во тимот е многу позитивна, а играчите се мотивирани да го дадат својот максимум на теренот, знаејќи ја важноста на натпреварот. Работевме максимално. Иако натпреварот со Силекс не се одигра по други причини, го искористивме времето за да тренираме повеќе, да го зголемиме интензитетот и да подобриме одредени тактички детали. Во тој поглед, мислам дека добивме дополнително време за подобро да се подготвиме“, изјави Ерион Шуку.
Тој смета дека Пелистер е фаворит, но дека во фудбалот секогаш има простор за изненадувања. Шуку нагласува дека тој и неговите соиграчи ќе играат за победа на секој натпревар.
„Пелистер е фаворит на хартија, но фудбалот секогаш носи изненадувања. Играме на неутрален терен и веруваме во нашиот потенцијал. Сè ќе се решава на зелениот терен. Секој бод е вреден, но за клуб како Шкупи, со традиција и најстрасни навивачи во земјата, еден бод не може да се смета за успех. Нашата цел е да покажеме дека сме голем клуб и да излеземе на теренот за да ги освоиме трите бода“, додаде Шуку.
Натпреварот Пелистер – Шкупи ќе се одигра денеска (25. август) на стадионот во Кавадарци, со почеток во 17 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Женски фудбал
Андов: Нова можност да се стекне потребното искуство
Евро-фудбал
Луис Енрике: Многу сум горд на овој ПСЖ
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Осман Дембеле пред трансфер во Манчестер Сити?













