Фудбалерите на Шкупи славеа против косовскиот прволигаш Гњилане со 1-0 на последниот пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната.
Чаирчани на натпреварот кој се одигра на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје до победата дојдоа со погодокот на Бајрами во 54. минута.
Шкупи го одигра овој дуел на комплексот Куќа на фудбалот на ФФМ и поради реконструкцијата која во моментов тече на стадионот во Чаир. Токму поради тоа Шкупи и првите четири натпревари на домашен терен од пролетната сезона ќе ги игра на тренинг центарот на ФФМ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski