Connect with us

Шкупи го врати Бесник Ферати на Чаир

Лидерот на табелата, тимот на Шкупи, го претстави Бесник Ферати како ново засилување. 21-годишниот играч за врска по неколку години се враќа на Чаир. Тој потпиша договор на една и пол година.


„Многу сум среќен што се враќам во тимот на Шкупи. За мене е посебна емоција да бидам дел од тимот од каде имам убави спомени и се надевам дека ќе имаме што повеќе заеднички успеси. Уверен сум дека ќе продолжиме со добрата работа. Ќе се обидам да дадам максимум за боите на овој дрес кој е посебен за мене. На навивачите им ветувам дека ќе дадам се од себе“, изјави Бесник Ферати.

Тој доаѓа од редовите на Академија Пандев, а претходно настапуваше и за Партизани во првенството на Албанија. Бесник Ферати е член на младата репрезентација до 21 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови