Македонската фудбалска репрезентација продолжува со настапите во новото издание на Лигата на нации, а во третото коло од Б-сегментот ја очекува дуел со Шкотска на домашен терен. Натпреварот се игра вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток во 20:45 часот.
Избраниците на Гоце Седлоски имаа лош старт во групата. Македонија на домашен терен загуби со убедливи 0-3 од Швајцарија, а потоа во Љубљана повторно остана без постигнат гол и претрпе пораз од 2-0 против Словенија. По две кола, македонската селекција е без бодови и без постигнат погодок.
Токму затоа натпреварот со Шкотска има дополнителна тежина. Македонија пред својата публика ќе ја бара првата победа, но и првите бодови во групата, а истовремено ќе се обиде да стави крај на голгетерската суша која трае веќе шест натпревари.
Селекторот Седлоски по поразот од Словенија најави промени во составот, а во комбинација за настап повторно е и Езгјан Алиоски.
Шкотска, од друга страна, по две кола има еден освоен бод. На стартот одигра 0-0 против Словенија во Љубљана, додека во второто коло на домашен терен убедливо загуби од Швајцарија со 0-3. Шкотите тој натпревар го играа со десетмина уште од 11. минута, откако Џек Хендри заработи црвен картон.
За Македонија ова ќе биде прв дуел со Шкотска по повеќе од 13 години. Досега двете репрезентации се сретнале четири пати, а билансот е две победи за Шкотска, една за Македонија и едно реми. Последниот меѓусебен натпревар беше одигран во 2013 година во Глазгов, кога домаќинот славеше со 2-1.
Сега двете селекции влегуваат во натпреварот со јасна потреба од бодови. Македонија ќе се обиде да го поправи впечатокот од првите две кола и конечно да постигне гол во ерата на Седлоски, додека Шкотска ќе бара резултат со кој ќе остане во игра за повисок пласман во групата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













