Македонскиот шампион Шкендија беше поразен на гостувањето кај АЕК Ларнака со 1-0, но и покрај неуспехот на Кипар, тетовскиот тим обезбеди пласман во плеј-оф фазата од Конференциската лига на УЕФА. Благодарение на поволните резултати на другите натпревари, тетовските „црвено-црни“ го искористија последниот момент и изборија европска пролет. Шкендија има два потенцијални ривали, Лех Познањ или Самсунспор.
Натпреварот започна охрабрувачки за Шкендија, која прва создаде сериозна можност. Веќе во четвртата минута Роналдо Вебстер продре по крилната позиција, се ослободи од двајца противнички играчи и шутираше од кос агол, но голманот Аломеровиќ интервенираше и исфрли во корнер. Во воведниот дел АЕК беше безидеен, додека Шкендија делуваше сигурно во одбраната. Во првите триесетина минути домаќините имаа само еден обид, кога удар со глава заврши над голот.
Во продолжението од првото полувреме, поддржан од публиката, АЕК почна да врши притисок и упати неколку удари, но сите беа блокирани од дефанзивците на македонскиот првак. Пред паузата, по мешаница во шеснаесетникот по прекин, топката стигна до Ивановиќ кој ја затресе мрежата, но погодокот беше поништен по ВАР-интервенција поради офсајд.
Во второто полувреме Шкендија се најде во тешка ситуација откако Лиридон Љатифи доби директен црвен картон поради груб прекршок. Тоа го натера Јетон Беќири да реагира со измени – во игра влегоа Алхасан и Тамба за поголема свежина и брзина, а подоцна и Мазари. Домаќините го засилија притисокот и успеаја да стигнат до водство во 83. минута, кога по корнерот на Ледес Густаво, Ангиелски погоди со удар со глава за 1-0.
До крајот АЕК целосно ја контролираше играта и постојано се закануваше пред голот на Шкендија, но резултатот не се промени. Така, и покрај поразот, тимот на Јетон Беќири ја оствари целта и обезбеди место во следната фаза, продолжувајќи го европскиот настап.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













