Шкендија испиша историја, не само за клубот, туку и за македонскиот фудбал во целина. Иако беше поразена на Кипар од АЕК Ларнака со 1-0, во таборот на тетовскиот тим има големо славје поради обезбедениот пласман во плеј-оф фазата, односно во 1/16-финалето од Конференциската лига.

Во оваа рунда, Шкендија ќе се соочи со еден од двата можни противници – Лех Познањ или Самсунспор. Кој ќе биде ривалот ќе се дознае на ждрепката што ќе се одржи во Нион на 16 јануари.
Натпреварите од плеј-офот се закажани за периодот од 19 до 26 февруари, при што Шкендија првиот меч ќе го одигра на домашен терен.
Доколку тетовци ја минат и оваа пречка, во осминафиналето би се соочиле со победникот од двомечот меѓу Рајо Ваљекано и Шахтјар Доњецк.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













