Шкендија славеше со 1-2 на гостувањето во Кратово, во натпревар во кој домаќинот пропушти неколку зрели шанси, а казната стигна во самиот финиш. Гостите беа подобар ривал во првото полувреме, Силекс возврати со поофанзивна игра во вториот дел, но трите бода сепак заминаа за Тетово.

Тетовци тргнаа силно уште од стартот, со јасна намера рано да го отворат резултатот. Иницијативата ја крунисаа во 17. минута. Ајетовиќ нафрли од левата страна, Тамба се снајде меѓу стоперите и со силен удар под гредата го совлада немоќниот Џеков за 0-1.
Силекс возврати преку Пиреш во 25. минута, но неговиот удар со глава заврши над голот. Во 42. минута пречката беше сојузник на кратовци по обидот на Алхасан, а во продолжението од истата акција Тамба повторно се закани, но Џеков со одлична интервенција спречи нов погодок.
Кога се чинеше дека Шкендија ќе замине на пауза со предност, Силекс израмни по долга и трпелива акција. По мешаница во шеснаесетникот, топката беше вратена наназад, а потоа низ средината стигна до Бутуровиќ, кој остана во нападот, излезе сам пред Гаје и рутински реализираше за 1-1.
Вториот дел започна динамично, со поофанзивен пристап на домаќинот. Силекс беше поконкретен и создаваше притисок, додека Шкендија се ориентираше кон брзи противнапади. Нзенгуе имаше златна можност, но Џеков навреме интервенираше и не му дозволи чист удар. На спротивната страна, во 63. минута Тимовски се закани со силен шут, а Гаје одбрани сигурно.
Во финишот, Силекс тргна по цел плен. Делимеѓац се обиде со прекрасен удар, но Гаје уште поубаво интервенираше. Мишов исто така имаше шанса, но топката мина покрај стативата.
Казната стигна во 88. минута. По одбиена топка, Зејнулаи одлично реагираше и со прецизен волеј ја смести топката во мрежата за конечни 1-2 и голема радост за Шкендија.
Така, и покрај подобрата игра на Силекс во второто полувреме, ефикасноста и присебноста во завршницата ѝ донесоа триумф на Шкендија во Кратово.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













