Connect with us

Шкендија убедлива против Брера на првиот тест

Актуелниот шампион на Македонија, Шкендија, пред заминувањето на зимските подготовки во Анталија го одигра првиот контролен натпревар. На комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје, тетовскиот тим убедливо ја совлада Брера со 3-0.

Настапувајќи со комбиниран состав, во кој шанса добија многу фудбалери од двете екипи, Шкендија доминираше во текот на целиот натпревар и создаде значително повеќе шанси, од кои три ги претвори во голови.

Водството за Шкендија го донесе Мазари во 11. минута, додека во вториот дел двапати се запиша во листата на стрелци искусниот Бесарт Ибраими. Младиот состав на Брера не успеа да се врати во натпреварот по тие погодоци.

Шкендија наскоро заминува за Анталија, каде ќе ги продолжи подготовките и ќе одигра пријателски средби против Олександрија, Подбрезова, Сараево и Ордабаси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови