Шкендија со сигурна победа од 0-3 против Камјани го искористи контролниот натпревар против второлигашот за одржување на формата во текот на првенствената пауза.
Резултатот го отвори Крстевски во 22. минута, кога ја затресе мрежата на противникот за водство на Шкендија.
Во вториот дел, „црвено-црните“ го зголемија водството. Рамадани во 49. минута беше прецизен од белата точка за 0-2, а конечниот резултат го постави Красниќи со гол во 69. минута.
За Артим Положани, овој натпревар беше добра можност за проверка на формата на фудбалерите и минутажата на оние кои имаат помала шанса за настап во првенствените дуели.
Шкендија по овој период ќе продолжи со подготовките за продолжението од сезоната, кое следува по тринеделната пауза поради обврските на репрезентациите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













