Connect with us

Шкендија стартуваше со работа (ФОТО)

Актуелниот првак Шкендија денеска го започна зимскиот подготовителен период пред пролетниот дел од сезоната, во кој тетовци ќе се борат на три фронта – домашното првенство, Купот и, за првпат во својата историја, во нокаут фазата од едно европско натпреварување по пласманот во плеј-офот од Конференциската лига на УЕФА.

Првите денови се посветени на медицински прегледи, пред тимот да се врати на полн работен ритам со две тренинг-сесии дневно. Првиот контролен натпревар е закажан за 15 јануари, додека главната фаза од подготовките ќе се одржи од 17 јануари до 1 февруари во Анталија, Турција.

За време на престојот во Анталија, покрај физичката и техничко-тактичката работа, се планирани и четири контролни средби, кои ќе му помогнат на стручниот штаб предводен од Јетон Беќири да ја тестира формата на тимот.

Пролетниот дел од сезоната започнува на 11 февруари, кога Шкендија во Тетово ќе се соочи со Струга Трим Лум.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови