Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) влегува во завршна фаза, а денешното 31. коло може да донесе нов шампион. Тимот на Шкендија го пречекува Работнички и со евентуална победа ќе ја обезбеди титулата, две кола пред крајот на сезоната.
Силекс добива службени 3-0 бодови против Гостивар, но Шкендија со денешен триумф ќе направи разлика од четири поени, земајќи предвид дека и тие следното коло службено победуваат против Гостивар, па последниот меч против Силекс ќе биде без значење за титулата.
Работнички во Тетово ќе игра без посебен притисок, бидејќи со вчерашното реми на Струга ТЛ против Вардар (0-0), веќе има сигурна европска виза.
На дното од табелата, денешните мечеви носат голема неизвесност. Тиквеш на свој терен ќе ја пречека Беса, а победа за кавадарчани би значела огромен чекор кон директен опстанок. Во спротивно, можно е да треба да играат бараж.
Брера игра дома против Шкупи. Чаирскиот тим патува без тренер во Струмица, а во случај на пораз, би можеле и самите да западнат во опасна зона и да играат бараж за опстанок.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 31 КОЛО (Денеска, 17 часот)
Шкендија – Работнички
Брера – Шкупи
Тиквеш – Беса
📍 Службени резултати:
Силекс – Гостивар 3-0
Пелистер – Воска Спорт 3-0
📍 Вчера: Вардар – Струга ТЛ 0-0
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго













