Connect with us

Шкендија сака да се врати на победнички колосек, Работнички бара позитивен резултат

Актуелниот првак Шкендија загуби на гостувањето во Чаир во минатото коло и сега сака експресно да се врати на победничките патеки. Тренерот Ќатип Османи во составот повторно ќе ги има капитенот Арменд Алими и десниот бек Мевљан Мурати и бара многу подобро издание од фудбалерите. 

„Подготвени сме и очекуваме триумф“, порачуваат од Шкендија. 

Работнички не го почна пролетниот дел од првенството според очекувањата. Голем удар за „романтичарите“ беше поразот од Академија Пандев на домашен терен, па тренерот Жикица Тасевски побара фудбалерите да имаат многу поинаков пристап. 

„Ги увидовме грешките, работевме на нивно елиминирање и се надевам дека тимот ќе се претстави во многу подобро издание. Со еден поинаков пристап, со поголема желба, максимално залагање и пред се задржување на концентрацијата во текот на целиот натпревар, треба да дојдат и посакуваните резултати. Не стартувавме оваа пролет според посакувањата и ќе мора да се подобриме во сите сегменти. Шкендија е актуелен првак и лидер на табелата и сигурно е фаворит на домашен терен, но ние веруваме дека можеме да одиграме добар натпревар и да стигнеме до позитивен резултат“, изјави Жикица Тасевски за официјалниот сајт на клубот.

ПРВА ЛИГА, 23 КОЛО (14.30 ЧАСОТ)

ВАРДАР – ШКУПИ

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС

ПОБЕДА – РЕНОВА 

МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови