Одличниот старт на пролетниот дел од сезоната и трите победи од исто толку натпревари, Шкендија се надева дека ќе го продолжи и после денешниот меч со Пелистер на домашен терен во Тетово. Тетовските „црвено-црни“ имаат дополнителен мотив, а тоа е ремито на Вардар со Струга, со што може да ја намали бодовната разлика со првопласираниот тим на табелата.
После настапите во Европа и елиминацијата од Самсунспор, сега целосниот фокус на избраниците на Јетон Беќири е на првенството и на Купот на Македонија.
„Успехот во Европа кој го постигнавме беше сон на луѓе кои работеа во клубот со години. Ја имавме најуспешната сезона во Европа. Сега настапите во Европа се минато, и ние се фокусираме кон домашното првенство“, вели Красниќи.
За денешниот меч со Пелистер, Красниќи вели дека Шкендија мора да ја докаже фаворитската улога и на теренот.
„Нашиот тим има многу квалитет, но тоа мора да го докажеме на теренот. Се надевам дека ќе биде наш ден, ќе го покажеме квалитетот на тереот и ќе ги освоиме трите бода. Овие натпревари, така да ги наречам со „аутсајдерите“ се навајжни, затоа што од овие мечеви зависи кој ќе ја освои титулата. Ние сме 100% концентрирани, се надевам ќе бидеме на свое ниво, дека ќе победиме, и со тоа ќе продолжи нашата успешна серија на победи во пролетниот дел од сезоната“, изјави Красниќи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













