Невиден скандал од Шкендија, која е сосема поинаков клуб кога ќе ги загуби трофеите. Ако минатата сезона стигна до шампионски пехар и успеа да направи многу и во излезот на европска сцена, тетовскиот клуб го покажува своето друго лице, во кое сака да прави проблеми и нема никаков респект за Фудбалската федерација на Македонија, чија е членка и преку која се натпреварува во куповите на УЕФА. Згора на тоа, имаше директни навреди кон претседателот Масар Омерагиќ и неговото семејство што јасно ја покажува намерата за пресметка со ФФМ и првиот човек на македонскиот фудбал.
Фудбалерите на Шкендија, наводно по „наредба“ од раководството на клубот, а сигурно и на инсистирање на навивачите кои претходно извадија скандалозна кореографија и ја исвиркуваа македонската химна, не дојдоа да ги земат сребрените медали од ФФМ наменети за поразената екипа во Купот на Македонија. Ова е невиден преседан, за првпат се случува во македонскиот фудбал и сигурно треба да следи драстична казна.

Можеби е најдобро Шкендија да биде суспендирана за настап во квалификациите од Конференциската лига, односно да и бидат одземени бодови и да падне на позиција која не носи пласман во Европа. Како за пример, како не треба и како не смее да се однесува македонски клуб во натпреварување под закрилата на Фудбалската федерација на Македонија.

Кога е одзмењето бодови во прашање, се очекува казната и за Башкими, клубот кој од ФФМ беше потенциран како субјект кој учествувал во лажирање на натпревари во корелација со уплати во обложувалници ширум Европа и светот. Башкими исто така се очекува да ја добие заслужената казна и следната сезона да не се натпреварува во елитата.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер се договори со голманот на Лацио
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













