Македонскиот фудбалски првак Шкендија ги заврши обврските во домашниот шампионат, но продолжува со настапите во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА. Тетовци како дебитанти во ова натпреварување се наоѓаат пред нов голем успех, можност да ја минат првата фаза и да се пласираат во плејофот.
За тоа да се случи со максимална сигурност потребен им е позитивен резултат на денешното гостување на Кипар и дуелот со АЕК Ларнака.
Победата над Слован Братислава ја задржа шансата на македонскиот шампион за пласман во плеј-офот, па средбата на Кипар ќе биде решавачка.
„Докажавме дека можеме да играме и против силни екипи во Европа во текот на ова натпреварување. Имаме максимална почит кон тимот на АЕК, но во ниту еден момент не влегуваме во натпревар со страв од противникот, без разлика на нивната сила и ниво. Со работа и со исклучителна сериозност во текот на целиот натпревар, се надеваме дека можеме да оствариме позитивен резултат“, изјави тренерот Јетон Беќири.
Натпреварот меѓу АЕК Ларнака и Шкендија се игра вечерва, со почеток од 21 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













