Connect with us

Шкендија на испит во Ѓорче Петров, Работнички гостува во Кавадарци

Актуелниот првак Шкендија нема друг избор освен да победува и да се надева дека до крајот на есента ќе успее барем малку да ја намали негативата во однос на Шкупи и на Академија Пандев. Денеска (13 часот) тетовци ги очекува тешко гостување во Ѓорче Петров.


„Максимално сме фокусирани на натпреварот во Ѓорче Петров. Ситуацијата на табелата не е идеална за нас, но во последните натпревари играме квалитетен фудбал и доминиравме над противниците. Работиме со висок интензитет на секој тренинг и на натпреварот против Македонија ЃП влегуваме подготвени. Добро го познаваме противникот, во првиот натпревар оваа сезона победивме со 4-0, но овој резултат не треба да не залажува. Тие се добар тим и ќе биде тешко да се освојат бодовите“, вели дефанзивецот на Шкендија, Јан Кривак.

Лидерот на табелата Шкупи на Чаир ќе ја пречека Струга Трим Лум, а Пелистер во Битола ќе биде домаќин на Скопје.

Тиквеш во Кавадарци ќе го нагости Работнички, а Брегалница е фаворит на дуелот со Борец.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 15.КОЛО (13 часот)

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА

ШКУПИ – СТРУГА ТЛ

ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ

ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ

БРЕГАЛНИЦА – БОРЕЦ

ВЧЕРА: РЕНОВА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-2

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови