Connect with us

Шкендија и Силекс ги стартуваа подготовките, тетовци се во потрага и по новиот тренер

Шкендија и Силекс вчера ги започнаа подготовките за новата сезона, во која покрај домашните натпреварувања ќе имаат настапи и на европската сцена, преку квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Тетовци сè уште немаат именувано нов шеф на стручниот штаб по заминувањето на Јетон Беќири. па првиот тренинг беше одржан под раководство на досегашните помошни тренери, предводени од Бурхан Емрулаи, кои привремено ја презедоа одговорноста за работа со екипата.

Во меѓувреме, клупското раководство интензивно работи на избор на нов тренер, бидејќи времето до почетокот на европските настапи е сè пократко.

Силекс има шеф на стручен штаб, Александар Васоски ја одржа првата прозивка и го поведе тимот во подготовки за новите искушенија кои претстојат. И двата тима допрва ќе треба и да се доекипираат, со оглед дека размислуваат за ангажман на нови засилувања.

Шкендија и Силекс следниот вторник ќе ги дознаат своите противници во првото квалификациско коло од Конференциската лига.

Првите натпревари од воведната квалификациска рунда се закажани за 9 и 16 јули.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови