Фудбалерите на Шкендија го одржаа официјалниот тренинг во Баку пред утрешниот натпревар против азербејџански Карабах, кој ќе се игра во 18 часот како дел од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Под водство на капитенот Бесарт Ибраими, тетовчани го одработија тренингот на републиканскиот стадион „Тофик Бахрамов“, при што ја почувствуваа атмосферата пред големото гостување.
Во таборот на тетовските „црвено-црни“ владее силна вера дека можат да им парираат на домаќините и со желба за изненадување да обезбедат пласман во плеј-оф фазата на квалификациите за Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар се „лизна“ во Битола и освои само бод, а тоа го искористи Шкендија...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Мигел Пиреш (Силекс)
Силекс имаше доминантно издание во Кавадарци совладувајќи го Тиквеш на гости со 0-3. Тимот...
Автор makfudbal













